Дома Фудбал Останато Виери за времето после Роналдо и Меси: Ќе настане вистинска драма

Виери за времето после Роналдо и Меси: Ќе настане вистинска драма

Италијанецот Кристијан Виери своите најдобри денови ги помина во редовите на Интер, а во еден дел од својата кариера го носеше и дресот на Атлетико Мадрид.

Виери сега во едно интервју откри дека најмногу уживал играјќи во Шпанија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Секогаш сум кажувал дека најмногу уживав во Шпанија, таму се игра отворен фудбал без многу тактизирање. Во Атлетико навистина ми беше убаво и моите настапи за тој клуб нема никогаш да ги заборавам“, изјави Виери, потоа продолжи да зборува ривалството и доминацијата на Роналдо и Меси.

„Вакво ривалство немало никогаш претходно. Тоа се двајца невеојатни играчи кои долги години наназад постигнуваа по 40 или 50 голови ов една сезона. Кога Меси и Роналдо ќе се пензионираат дефинитивно ќе имаме еден поинаков фудбал, ќе настане вистинска драма, ништо нема да биде исто“, смета италијанската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …