Дома Фудбал Англија Видео: Јунајтед рутински, јубилеен гол за Лукаку

Видео: Јунајтед рутински, јубилеен гол за Лукаку

Манчестер Јунајтед стигна до рутинска победа против Свонси во 32-то коло од Премиер лигата. Важни победи остварија Вест Хем и Њукасл.

„Црвените ѓаволи“ прашањето на победникот го решија многу рано, бидејќи уште во 20-та минута имаа предност од 2:0. Ромелу Лукаку после пет минути игра го отвори резултатот со својот 100-ти гол во Премиер лигата, а Санчез ги постави конечните 2:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Њукасл со голот на Ајозе Перез во 80-та минута дојде до важен триумф против Хадерсфилд. Важна победа оствари и Вест Хем против Саутемптон (3:0) со головите на Арнаутовиќ и Жоао Марио.

ВБА претрпе уште еден пораз, овој пат од Барнли со 1-2, со истиот резултат Ватфорд го совлада Борнмут. Лестер оствари гостинска победа против Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…