Њукасл и Манчестер Сити одиграа исклучително возбудлив меч кој на крајот забврши без победник (2:2).
Сити поведе преку Стерлинг во 22-та минута, но предноста ја задржа само три минути, откако Вилемс ги израдува домашните фанови, а со тој резултат се замина на одмор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сити во второто полувреме имаше иницијатива, создаваше шанси, а во предност дојде дури во завршницата кога Де Брујн со феноменален гол му донесе славје на „граѓаните“.
Меѓутоа, во 88-та минута „детето од Ливерпул“ Џонџо Шелви го израдува својот бившои клуб кога постигна гол за конечни 2:2.
Со ова реми „граѓаните“ полека го губат здивот во трката за титулата, па сега Ливерпул со победа може да замине не високи плус 11.