Дома Фудбал Англија Видео: Хари Кејн го „сруши“ Арсенал

Видео: Хари Кејн го „сруши“ Арсенал

Дербито на северен Лондон кое се играше во рамките на 27-то коло од Премир лигата му припадна на Тотенхем.

Тотенхем на „Вембли“ во возбудлив натпревар со минимални 1:0 го победи Арсенал, а херој за „спарси“ беше Хари Кејн.

Во првото полуреме немаше многу возбудувања и видовме само една шанса која ја пропушти Хари Кејн. Сепак, голгетерот на „спарси“ во 49-та минута се поправи и постигна феноменален гол со глава за водство од 1:0.

До крајот на натпреварот домаќините запретија преку Трипие и Ериксен, но Чех беше одличен во двата случаи.

Арсенал единствената шанса ја имаше при самиот крај преку Лаказет, но Французинот шутираше покрај голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Астон Вила – Пристигнува напаѓачот на Пари Сен Жермен за 55.000.000 евра!

Голем потег на Астон Вила. По заминувањето на Оли Воткинс, клубот мораше брзо да реагира и…