Познатиот турски фудбалер, Арда Туран слета во Истанбул, каде што најверојатно денеска или утре ќе потпише договор со Башакшехир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговото слетување во најголемиот турски град привлече многу внимание, но и илјадници навивачи кои дојдоа да го видат. Неговиот дочек не можеше да помине без инцидент, а на интернет се појави нивео од тепачката која избувнала на аеродромот додека се чекаше пристинувањето на Арда.
Не е познато кој го предизвикал конфликтот, но се шпекулира дека на аеродромот дошле и навивачи на Галатасарај кои се лути на Туран што не го избрал нивниот клуб, каде што своевремено беше капитен. Поголем конфликт на аеродромот спречила полицијата, која со брза интервенција успеала да ги смири тензиите.