Дома Фудбал Англија Видео: Стоук не заслужи, но загуби, Арсенал до победа со два пенали

Видео: Стоук не заслужи, но загуби, Арсенал до победа со два пенали

Екипата на Арсенал денес во рамките од 32 коло во терминото играше натпревар против Стоук.

Избраниците на Арсен Венгер на оваа средба стигнаа до победа од 3:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако резултатот не го покажува тоа Стоук денес беше рамноправен противник, барем се до петнаесетина минути пред крајот на натпреварот.

Каков фудбал следневме во првиот еден час игра говори и податокот што најголема закана беше ударот на Шакири и тоа директно од корнер.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 75 минута кога досуден беше еден сомнителен пенал за Арсенал, а сигурен реализатор беше Пјер Емерик Обамејанг. Десетина минути подоцна Габонецот стигна и до вториот погодок.

На една минута пред крајот на натпреварот досуден беше нов пенал за „топчиите“, Лаказет беше срушен во шеснаесетникот, а истиот играч ги постави конечните 3:0.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…