Дома Трансфер зона Видео со мајката на Роналдо причина за нови шпекулации за иднината на Португалецот 🎥

Видео со мајката на Роналдо причина за нови шпекулации за иднината на Португалецот 🎥

Откако Јувентус беше елиминиран од Порто во Лигата на шампионите многу се шпекулираше за иднината на Кристиано Роналдо.

Повторно многу се пишуваше за негов можен трансфер во ПСЖ, се споменуваше и враќање во Реал. Сега се појавија нови шпекулации, а за тоа причина е мајката на Роналдо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На социјалните мрежи се појави видео како Долорес, мајката на Роналдо со пријателите ја слави победата на Спортинг над Тондела. Она што го привлече вниманието е што дресот кој го држеше Долорес беше со бројот седум и името на Роналдо.

На ова видео се јави Бруно Табата кој во овој момент ја носи „седмицата“ во Спортинг.

„Полека Дона Долорес, Роналдо прво треба да ме праша дали може да ја добие „седумката“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…