Кристал Палас го приреди најголемото изненадување и до првата победа стигна против Челзи, на „Етихад“ беа видени дури 9 гола.
Манчестер Сити со 7:2 го декласираше Стоук на „Етихад“ и се издвои сам на врвот. Во убедливата победа головите ги постигнаа Габриел Жесус два, Стерлинг, Силва, Фернандињо, Сане и Бернардо Силва, додека за гостите погоди Диуф и автогол си даде Вокер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Кристал Палас во претходните седум кола немаше постигнато ниу еден гол, а денес го победи шампионот Челзи. Со автоголот на Аспиликуета Палас дојде до водство во 11-та минута, но набрзо Бакајоко го израмни резултатот. Голот за победа на домашните го постигна Вилфред Заха во 45-та минута.
Тотенхем и Свонси остварија важни победи на свој терен против Бурнмаут односно Хадерсвилд, а Барнли и Вест Хем ги поделија бодовите.