Реал Мадрид синоќа победи на гостувањето во Лисабон со 2:1 и тоа со гол во 85-та минута, иако на терен скоро 30 минути играше со играч повеќе.
Токму тој момент кој се случи во 64-та минута всушност го одлучи натпреварот, а главен актер беше Матео Ковачиќ, кој со симулација изнуди црвен картон на десниот бек Жоао Переира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Снимката покажа дека Ковачиќ симулираше жесток удар и бараше казна за противникот, па може да се заклучи дека неправедно беше исклучен.
Тренерот на домаќините Жорге Жесус истакна дека тој детал го одлучил натпреварот и тоа нема никаква врска со фер-плеј.
„Жоао не направи ништо, но симулацијата на Ковачиќ го исфрли од натпреварот. И тоа е фер плеј? Мака ми е од тоа да се зборува за фер-плеј во фудбалот. Ковачиќ беше паметен, но неговиот потег е срање“, изјави Жесус по натпреварот.
Joao Pereira Red Card After Punching Mateo… by fabiolafarrelly