Северна Каролина е новиот универзитетски шампион на САД, откако во НЦАА финалето, кое ќе се памети по една голема грешка на судиите, ја совлада Гонзага 71:65.
Северна Каролина го освои шестиот колеџ трофеј, а тренерот Рој Вилијамс трет пат во кариерата го одведе својот тим до титулата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За жал финалето мина во знакот на судиите, особено во второто полувреме, кога поените најчесто беа постигнувани од линијата за слободни фрлања.
Кардинална грешка судиите направија на 50 секунди до крајот при резултат 66:65 за Северна Каролина.
Кенеди Микс оствари офанзивен скок, но во продолженито на акцијата во борба за топката, тој со десната рака беше надвор од теренот, момент кој судиите не го забележаа и досудија „мртва топка“.
Овој момент го претвори Микс во херој на Северна Каролина, бидејќи ја освои „мртвата топка“, а потоа Ајзеа Хикс постигна поени. Победата на Северна Каролина потоа ја потврдија Џастин Џексон и Џоел Бери.
Џоел беше најефикасен кај победникот со 22 поени, шест асистенции, три скока и две украдени топки, Џексон постигна 16, а Хикс 13 поени.
Гонзага ја предводеше Најџел Вилијамс-Гос со 15 поени, девет скока и шест асистенции.