Дома Фудбал Италија Видео: Рома ги фрли Милан и Монтела во „амбис“

Видео: Рома ги фрли Милан и Монтела во „амбис“

Дербито на „Сан Сиро“ и припадна на Рома која ги совои трите бода и ја продлабочи кризата на „росонерите“.

И покрај големите засилувања и потрошените повеќе од 200 милиони евра, Милан игра лошо оваа сезона и го забележа третиот пораз.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


На „Сан Сиро“ се играше израмнет натпевар и за волја на вистината „росонерите“ беа за нијанса подобри, но во 72-та минута Џеко со удар од дваесетина метри го матираше Донарума.

Само четири минути подоцна нов шок за „росонерите“, Донарума го одбрани шутот на Наинголан, но топката стигна до Флоренци кој зголеми на 2:0.

Во 80-та минута Милан остана и со играч помалку откако Чалханоглу поради опасен старт врз Наинголан заработи втор жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Голот на Влаховиќ – еден од најубавите потези во второто коло во ЛШ

Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска реп…