Дома Фудбал Останато Видео: Реал поразен на дебито на Азар, Баерн немаше милост

Видео: Реал поразен на дебито на Азар, Баерн немаше милост

Баерн Минхен со 3-1 го победи Реал Мадрид на пријателскиот турнир „Интернационален шампионски куп“, во меч во кој дебитираше Еден Азар.

Резултатот го отвори Толисио уште во 15-та минута од натпреварот по една убава акција, а потоа долго време мрежите мируваа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Реал Мадрид имаше доста шанси до моментот кога германскиот тим го постигна и вториот гол на натпреварот преку Роберт Левандовски во 67-та минута. Само три минути подоцна Серж Гнабри го постигна и третиот гол за Баерн.

Во завршницата Родриго на атрактивен начин само го ублажи поразот, постигнувајќи го првиот гол во дресот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во азиската Лига на шампиони: Фудбалер беше нокаутиран, а медицинскиот тим го немаше никаде! (Видео)

Четвртфиналната средба на азиската Лига на шампиони меѓу Ахли и Џохор беше обележана со шо…