Барселона вчера ремизираше на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол (1:1) во рамките на 22. коло од шпанската Ла Лига.
Клубовите од Барселона одиграа уште еден натпревар кој беше полн со тензии од двете страни, а ситуацијата кулминираше на крајот од натпреварот. Во центарот на вниманието беше напаѓачот на домашната екипа Серхио Гарсија кој дојде во судир со Самуел Умтити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Умтити беше видно изнервиран после последниот судиски свиреж, а да не беше Пике кој ги смируваше страстите веројатно ќе дојдеше до физички судир. Францускиот фудбалер беше бесен на Гарсија и како што пренесуваат шпанските медиуми сударот продолжил и во тунелот.
Наводно, се започнало кога Гарсија го навредил Умтити на расна основа, кој потоа сакаше да се пресмета со напаѓачот на Еспањол, но за негова среќа тука беше Пике за да спречи посериозен конфликт. Доколку се докаже дека Гарсија го навредил Умтити може да заработи висока казна.
„Ти си надуван дебел црнец и не припаѓаш овде.“ – наводно рекол Гарсија на Умтити после натпреварот.
❌ BeIN Sports's @Benayadachraf just confirmed on air that racist insults were thrown at Umtiti and that's why Umtiti was so mad at the end, screaming, "WHY THIS PHRASE?" repeatedly!!! Scum Espanyol players need a beating.? pic.twitter.com/nrmM3SdV6E
— Futbol Of Messi +19 (@FutbolOfMessi) February 4, 2018