Дома Фудбал Англија Видео: Ливерпул на крилјата на Салах и Фирмино до победа – петата од Бразилецот потег на мечот!

Видео: Ливерпул на крилјата на Салах и Фирмино до победа – петата од Бразилецот потег на мечот!

Во терминот од 17:30 часот во рамките од 27 коло во Премиер лигата својот натпревар го одиграа екипите на Саутемптон и Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ одиграа одличен натпревар и славеа победа на гостински терен од 0:2. Роберто Фирмино успеа да погоди после само шест минути игра, асистент на овој погодок беше Мохамед Салах.

Се играше финишот од првиот дел кога повторно проработе фантастичниот тандем на Ливерпу, Фирмино-Салах. Овој пат стрелецот на првиот гол беше во улога на асистент кој на фантастичен начин со пета го проигра својот соиграч за предност од 0:2.

Во вториот дел Ливерпул продолжи со добрата игра, ја имаше контролата во текот на целиот натпревар, за на крај да стигнат до посакуваните три бода.

По денешниот пораз на Јунајтед и оваа победа на Ливерпул, „црвените“ стигнуваат на само два бода од втората позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Смена на селекторот на Германија по неуспехот на СП

ЈУЛИЈАН Нагелсман (38) е отпуштен од функцијата селектор на германската фудбалска репрезен…