Дома Фудбал Англија Видео: Жиру ги спаси „топџиите“ од пораз!

Видео: Жиру ги спаси „топџиите“ од пораз!

Во првиот натпревар од неделната програма во Премиер лигата, Арсенал се спасуваше од пораз против Саутемптон и одигра 1:1.

„Светците“ поведоа после само три минути игра кога Тадиќ после една убава акција одлично го проигра Аустин кој немаше тешка задача и погоди за 1:0. Претходно голема грешка направи Мертесакер, кој доби шанса бидејќи на загревањето се повреди Мустафи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Топџиите“ најдобрите шанси за израмнување во првото полувреме ги имаа преку Ремзи и Лаказет, но на одмор се замина со предност за домаќините.

Арсенал во второто полувреме напаѓаше, а голот стигна дури во 87-та минута преку Жиру, кој во игра влезе во 72-та минута и ги спаси „топџиите“ од пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…