Денес со почеток од 20:45 беа одиграни осум средби во рамките од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
Германците потешко од очекувањата стигнаа до гостинска победа против репрезентацијата на Чешка од 1:2. Варнер ги доведе гостите во водство уште во четвртата минута од средбата. Германија имаше водство се до 78 минута кога Владимир Дарида постигна еврогол и донесе изедначување, сепак за победа на Германија се погрижи, Матс Хумелс во 88 минута од средбата.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Репрезентацијата на Англија која е лидер во групата Ф запиша победа против аутсајдерот во оваа група, Малта. Англичаните како и што се очекуваше беа подобар противник во текот на целиот натпревар и запишаа убедлива од 0:4. Англичаните до убедливата победа стигнаа во финишот од средбата се до 86 минутата тие имаа минимална предност, но до крајот погодуваа Бертранд, Велбек и Кејн кој го постигна својот втор гол на натпреварот.
Во останатите натпревари, Данска ја совлада Полска со убедливи 4:0, Шкотска запиша гостинска победа 0:3 против Литванија, Норвешка на свој терен го совлада Азербејџан со 2:0, Романија и Словачка запишаа минимални победи против Ерменија, односно Словенија, Северна Ирска беше подобра со 0:3 од аутсајдерот Сан Марино.