Ова сигурно е вест која навивачите на Ливерпул не сакаа да ја слушнат.
Фудбалскиот клуб Ливерпул утрово го отстрани Фелипе Кутињо од излогот на „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, неодамна Барселона на овој начин го „отпиша“ Нејмар, непосредно пред тој да го официјализра трансферот во ПСЖ, а денес истиот „рецепт“ го примени и Ливерпул.
Според сегашната ситуација, доколку се водиме по случајот „Нејмар“, Кутињо наскоро ќе биде претставен како нов фудбалер на шпанскиот гигант.
На друштвените мрежи се појави видео како работниците на „Енфилд“ го отстрануваат ликот на Кутињо од излогот, што може да се протолкува како доказ дека „црвените“ веќе се помириле со заминувањето на Бразилецот.
Барселона се обидува веќе некое време да го доведе Кутињо, но Ливерпул ги одби понудите од 80 и 90 милиони евра и плус 30 како бонуси, сепак наскоро се очекува двете страни да постигнат договор.
Here's the video clip for people saying it was getting out In #lfc #Coutinho #Liverpool pic.twitter.com/2YOv5da6Ir
— Brian Hughes (@yozzer1983) August 12, 2017