Американската тениска асоцијација остана со посрамотен образ откако дел од германската национална химна користена во нацистичкиот период на Германија беше отпеана на Fed Cup турнирот во Хаваи, ситуација која германската тенисерка Андреа Петковиќ ја опиша како „најужасното нешто кое ми се случило“.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Навредливата прва строфа е забранета во Германија после завршувањето на Втората Светска војна, но токму тие стихови беа отпеани на церемонијалното отворање на четвртфиналниот меч во саботата помеѓу Алисон Риске од САД и Андреа Петковиќ од Германија.