„Гордиот Албион“ беше посреќен во пенал рулетот со Швајцарија и стигна до третото место во Лигата на нации.
Натпреварот после 120 минути заврши без голови, иако видовме неколку зрели шанси на двете страни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англија беше поблиску до триумф и во регуларниот тек од мечот. Во првото полуврене Деле Али имаше чиста шанса но биеше над голот. Во 84-та минута, Калум Вилсон постигна погодок, но по детално прегледување на ВАР-снимката тој не беше признат.
Откако и по 30 дополнителни минути немаше промена на почетниот резултат, победникот се решаваше по пенал-рулетот.