Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал би можел во јануари да ја напушти Барселона.
Како што пренесува Кориере дело Спорт, Видал во своите редови сака да го види торински Јувентус и Старата дама ќе се обиде да го донесе веќе во јануари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако дојде до договор за Видал тоа ќе биде враќање во редовите на Бјанконерите за кои играше од 2011. до 2015 година.
Чилеанецот не е задоволен во Барселона. Не добива многу простор за игра кај Валверде и наводно веќе размислува за заминување, иако во клубот е само неколку месеци.
Видал покрај Барса и Јуве играше уште за минхенски Баерн, Баер Леверкузен и Коло Коло.