Дома Останати Кошарка НБА Вечер за паметење во НБА лигата: Тројца кошаркари постигнаа над 50 поени

Вечер за паметење во НБА лигата: Тројца кошаркари постигнаа над 50 поени

Изминатата вечер во НБА лигата видовме натпревари какви што не се паметат подолго врем ево НБА лигата.

Дури тројца кошаркари успеаа во иста вечер да постигнат над 45 поени. Карл Ентони Таунс постигна 46 во поразот на Њујорк од Чикаго, Вембанјама стигна до рекордни 50 во кариерата, додека Јанис Адетокмубо уфрли дури 59.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во историјата на НБА лигата досега се случило тројца кошаркари да ја пробијат ганицата над 45 поени. Последен пат тоа беше во март 2022 година кога Таунс постигна 60, Тре Јанг 46, а Стеф Кари 47 поени.

Адетокумбо третпат во кариерата постигна 55 или повеќе поени, додека неговиот личен рекорд изнесува 64. Вембанјама стана само петтиот кошаркар во историјата на НБА кој стигнал до 50 поени до 20-годишна возраст.

Кога е Карл Ентони Таунс во прашање тој стана првиот кошаркар на Њујорк по Кармело Ентони во 2014 година со најмалку 45 поени и 10 скока во еден меч. Сепак тој не постигна рекордни бројки затоа што тука рекордот изнесува 52.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Индијана 94-90
Бруклин – Бостон 114-139
Њујорк – Чикаго 123-124
Оклахома – Њу Орлеанс 106-88
Филаделфија – Кливленд 106-114
Хјустон – ЛА Клиперс 111-103
Милвоки – Детроит 127-120
Сан Антонио – Вашингтон 139-130
ЛА Лејкерс – Мемфис 128-123
Портланд – Минесота 106-98
Сакраменто – Феникс 127-104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Многу емоции на едно место: Меси ќе се врати во Барселона!

Фудбалскиот клуб Барселона следниот викенд ќе слави 125-годишнина, а специјален гостин на …