Дома Трансфер зона Ветеранот не ги задоволи критериумите: Јаја Туре експресно ја напушта Грција

Ветеранот не ги задоволи критериумите: Јаја Туре експресно ја напушта Грција

Фудбалерите од Брегот Слоновата Коска, Јаја Туре после само три месеци ќе го напушти грчки Олимпијакос бидејќи не ги исполнил очекувањата во славниот клуб.

Јаја Туре во септември пристигна на Олимпијакос откако му истече договорот со Манчестер Сити. Сепак, после само три месец и пет одиграни натпревари овој ветеран повторно ќе биде слободен играч бидејќи не ги задоволи апетите на клубот од Пиреа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За Туре ова беше второ доаѓање во Олимпијакос, а прв пат дојде на „Караискакис“ од украински Металург. Од Олимпијакос во 2006 година премина во Монако, потоа во Барселона каде што ја освои Лигата на шампионите, додека за осум години во Манчестер Сити три пати ја освоијуваше Премиер лигата.

Со Брегот на Слоновата Коска го освои африканскиот Куп на нации во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…