Напаѓачот на Лајпциг и германски репрезентативец, Тимо Вернер не сака да го продолжи договорот со клубот, пренесуваат германските медиуми.
Поради тоа Лајпциг одлучи да го стави напаѓачот на трансфер листа, бидејќи неговиот договор истекува во 2020 година, па Вернер ќе може да си замине уште во зимскиот преоден рок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клубот за неговата слобода бара помеѓу 60 и 70 милиони евра, а фаворити за неговиот потпис се Баерн Минхен, Ливерпул и Атлетико Мадрид. Интерес за Германецот исто така покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус.
Претседателот на Лајпциг, Оливер Минцлаф изјави дека Вернер ќе биде продаден доколку не потпише нов договор. 22-годишниот Германец оваа сезона одигра 21 меч и постигна 13 гола и 3 асистенции.