Дома Фудбал Англија Вернер го изнервира Тухел со коментарите

Вернер го изнервира Тухел со коментарите

Тренерот на Челзи, Томас Тухел прилично остро реагираше на коментарите на напаѓачот Тимо Вернер.

Германскиот напаѓач јавно го искажа своето незадоволство од статусот во тимот и изјави дека сака да игра повеќе во пресрет на Светското првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Таквите коментари го изнервираа тренерот Томас Тихел, кој остро реагираше.

„Изненаден сум бидејќи ќе бидам многу среќен ако сум млад човек и имам договор со Челзи. Ќе бидам еден од најсреќните луѓе на планетата ако имам договор со Челзи и не го разбирам ако го кажал тоа“.

„Ќе ја добие потребната минутажа кога ќе покаже квалитет што му е потребен за да го заземе тоа место и да го одбрани. Дали се вклопува во моите планови? Секако, тој е наш играч“, категоричен беше Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар Мундијалот може да го пропушти и поради – суспензија!

Најмар стана повторно центар на контроверзии кои би можеле да влијаат на неговата кариера …