Фудбалскиот свет е се уште во неверување поради она што синоќа се случи на Енфилд.
Барселона успеа да ја прокоцка предноста од три гола и со пораз од 4:0 испадна во полуфиналето на ЛШ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така, Црвените на 1. јуни во Мадрид ќе имаат шанса да се борат за трофејот, а интересно е што легендарниот менаџер на Арсенал, Венгер не го отпиша Ливерпул пред почетокот на натпреварот.
Како гостин коментатор на beIN Sport францускиот стручњак објасни зошто Ливерпул има толку успеси во Европа и предвиде што ќе се случи против Барселона.
„Секој гол кој го примите дома е смртоносен. Затоа голот во гости е многу важен. Ливерпул е силен таму каде Барселона е слаба. Ливерпул лесно постигнува погодоци, а ако не постигнете против Барса, сами на себе сте виновни. Но, и Барселона знае да постигнува голови, не го забораваме тоа.“ – изјави Венгер и додаде:
„Ливерпул не ја освоил титулата 30 години, но во Европа добро им оди. Зошто? Енфилд. Домашниот терен. Енфилд е единствениот стадион каде не сакате да играте реванш, бидејќи атмосферата таму е навистина посебна.“
Wenger before Liverpool vs Barcelona second leg: “Anfield is the only place you don’t want to go to for the return leg…”
He wasn’t kidding. pic.twitter.com/dhlBBlng52
— Fada. (@HasynO4) May 7, 2019