Дома Фудбал Англија Венгер: На убав начин да ја завршиме оваа љубовна приказна

Венгер: На убав начин да ја завршиме оваа љубовна приказна

venger

Францускиот стручњак Арсен Венгер изјави дека работата во Арсенал би сакал да ја заврши така што ќе помогне тимот да се врати во ЛШ.

После 22 години работа со Топџиите, Венгер ова лето ќе го напушти клубот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Повеќе од сигурно е дека Арсенал оваа сезона во ПЛ нема да ја заврши меѓу четирите најдобри екипи, односно нема да обезбеди директен пласман во ЛШ следната сезона.

Единствениот начин тимот на Венгер следната сезона да се натпреварува во најелитното фудбалско клубско натпревварување е да ја освои Лига Европа оваа сезона.

„Сакам да ја завршам работата на вистински начин.“ – изјави Венгер пред реванш натпреварот против Атлетико Мадрид.

„Верувам дека секој поединец треба да го даде својот максимум, да е потполно посветен, дури и ако заминува. Сакам да заминам од Арсенал знаејќи дека до последниот ден сум бил фокусиран. Ќе видиме што ќе биде кога ќе заминам од клубот, но сакам да ја завршам оваа љубовна приказна на убав начин.“

Првиот натпревар во Лондон заврши со резултат 1:1, иако Арсенал во поголемиот дел од натпреварот имаше играч повеќе.

Реванш натпреварот е на програмата денеска со почеток во 21:05 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…