Дома Топ вести Вајналдум пред трансфер во Рома

Вајналдум пред трансфер во Рома

Жеоржино Вајналдум ќе го напушти ПСЖ ова лето, а пред неколку дена медиумите објавија дека Холанѓанецот бил понуден на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од Вајналдум и е спремен да го пушти на позајмица, притоа да плаќа дел од неговата плата.

Во такви услови Рома е заинтересирана да го донесе на едногодишна позајмица и стапила во контакт со неговиот агент.

Жозе Мурињо лично му се јавил на Вајналдум и го убедил да се пресели во Рим, па медиумите тврдат дека трансферот е пред реализација.

Рома може да му плаќа половина од платата, односно 4,5 милиони евра, а другата половина ќе ја плаќа ПСЖ за време на едногодишната позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…