Eкипата на Вардар по една година пауза се враќа на европска сцена во квалификациите за Лигата на Европа, но црвено-црните немаа многу среќа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Вардар да игра во групната фаза каде што веќе е Алкалоид ќе мора да го помине германскиот Рајн Некар Левен кој беше најтешкиот можен противник. Германците беа најмалку посакувани, но ждрепката така сакаше.
Првиот натпревар вардарци ќе го играат на 26/27 август. Како што е од претходно познато, ако Вардар го помине Рајн Некар, нема да може да игра со Алкалоид во иста група.
Фото: РК Вардар