Рафаел Варан ова лето се пресели во Манчестер Јунајтед од Реал Мадрид, но веќе сака да ја напушти Премиер лигата.
Имено, францускиот репрезнетативец не е задоволен на „Олд Трафорд“ и веќе му соопштил на својот агент да му бара нов клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Варан требаше да биде големо засилување за „црвените ѓаволи“, но сезоната за Јунајтед почна лошо. Притоа, Варан не е задоволен од животот во Англија.
Најсилен интерес за него покажува Интер, кој е спремен да го продаде Де Врај и да понуди 40 милиони евра за францускиот стопер.
Единствен проблем може да биде високата плата, па доколку Варан сака да се пресели во Милано, ќе мора да прифати намалување на платата.