Дома Фудбал Останато Варан: Не е важно кој ќе ја освои „Златната топка“ ако тој е Французин

Варан: Не е важно кој ќе ја освои „Златната топка“ ако тој е Французин

На крајот на оваа година ќе биде доделена „Златната топка“, а Рафаел Варан кој е еден од кандидатите смета дека не е важно кој ќе го добие ова престижно признание ако тој е Французин.

Стоперот на Реал Мадрид се наоѓа на списокот кандидати за големота награда, а покрај него тука се уште неговите сонародници Килијан Мбапе и Антоан Гризман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нема никакви проблеми помеѓу нас. Доколку наградата ја освои некој Французин јас ќе биде среќен. Не сме разговарале меѓусебно. Сите допринесовме за освојување на Светското првенство. Не може да се каже дека некој допринел помалку или повеќе“, изјави Варан.

Сепак, според фудбалскиот свет главни фаворити за „Златната топка“ се Лука Модриќ и Кристиано Роналдо. Признанието кое го доделува „Франс Фудбал“ ќе биде доделено на 3-ти декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мореска може да добие големо засилување пред мечот со Астон Вила

Лајам Делап, играч на Челзи, повторно се приклучи на тренинзите со првиот тим, што значи д…