Дома Фудбал Англија Ван Дајк за неговата изјава дека можеби ќе замине ги обвини новинарите

Ван Дајк за неговата изјава дека можеби ќе замине ги обвини новинарите

Пред неколку дена во центарот на вниманието на фудбалската јавност беше наводната изјава на Вирџил Ван Дајк која ја пренесуваа англиските медиуми дека можеби ќе замине од Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, одличниот дефанзивец сега демантира и тврди дека изјавата не била најдобро пренесена.

Фудбалерот на Ливерпул ги обвини новинарите дека тие ја извадиле контекс.

„Не сум кажал дека ќе заминам, мојата изјава беше извадена од контекс. Фокусиран сум на клубот и сакам да имаме добри резултати. Објавата на Клоп секако дека влијаеше на нас, но тоа не ги менува амбициите кои ги имаме за оваа сезона. Среќен сум и уживам во секоја минута на теренот како капитен на голем клуб како што е Ливерпул“, изјави Ван Дајк.

Ќе потсетиме, изјавата на Ван Дајк која се пренесуваше од Островот дојде само неколку дена откако Клоп потврди дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Eден од хероите на БиХ може да заврши во Арсенал!

Одличните настапи минатата сезона во Салцбург, кои продолжија и на Светското првенство, го…