Дома Фудбал Останато Ван Гал по две години откри: Сакав да доведам две ГОЛЕМИ ЅВЕЗДИ во Манчестер Јунајтед

Ван Гал по две години откри: Сакав да доведам две ГОЛЕМИ ЅВЕЗДИ во Манчестер Јунајтед

van gal

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Луи Ван Гал во разговор за „Sport Bild“ откри дека своевремено на „Олд Трафорд“ сакал да доведе две големи ѕвезди од Бундеслигата, но на крајот до договор не дошло.

Ван Гал го превзеде Манчестер Јунајтед летото 2014. година по завршувањето на Светското првенство во Бразил каде што со репрезентацијата на Холандија заврши на 3. позиција, а на „Олд Трафорд“ не забележи особено добри резултати.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Речиси две години подоцна, тој призна дека малку фалело да доведе два врвни играчи – Матс Хумелс и Томас Милер.

„Сакав да го доведеам Матс Хумелс во Манчестер Јунајтед. Но, тој во тоа време ја завршуваше многу лошата сезона и на крајот се откажавме. Можам да потврдам дека бевме заинтересирани и за Милер. Но, не постоеше ништо што во таа ситуација можевме да направиме. Баерн јасно ни кажа дека тој не е на продажба“, изјави Ван Гал.

Потсетуваме, Луи Ван Гал го водеше Манчестер Јунајтед од 2014. до 2016. година, но поради лошите резултати со екипата од „Олд Трафорд“ доби отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот со најдобра работа во светот: Освојува трофеј за секои 10 минути на теренот

Eдно име од редовите на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити посебно се издвојува –…