Валенсија покажува сериозен интерес за Цеск Фабрегас чии договор со Челзи истекува на крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Меѓутоа, Милан важи како фаворит за неговиот потпис бидејќи е во поодминати преговори со играчот и со Челзи. „Росонерите“ го сакаат Шпанецот во зимскиот преоден рок и се спремни да платат симболична сума за трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Валенсија сака да го донесе Фабрегас следното лето како слободен агент и внимателно ја следи неговата ситуација.
Вчера менаџерот на Челзи, Маурицио Сари изјави дека Фабрегас му е потребен и дека сака да остане на „Стенфорд Бриџ“ до крајот на сезоната.
Фабрегас исто така има понуди од Кина и САД, но Шпанецот преферира да остане во Европа.
https://youtu.be/-iqiwTjdxiw