Дома Фудбал Валверде: Меси е уморен, но тој секогаш има одговор за СЕ!

Валверде: Меси е уморен, но тој секогаш има одговор за СЕ!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека фудбалерот на неговата екипа Лионел Меси е уморен, после настапот за Аргентина во квалификациите за Светското првенство и дербито против Атлетико Мадрид во Шпанија.

Меси вчера учествуваше во ремито на Барселона против Атлетико во Мадрид (1:1) и тоа му беше четврти цел натпревар во последните 15 дена. Валверде смета дека Меси е уморен, но го пофали Аргентинецот за се што прави за екипата иако не прикажа игра каква што сме навикнати да го гледаме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се сложувам, Лео е уморен после сите натпревари кои мораше да игра, но сите знаеме дека тој секогаш успева да пронајде одговор за секоја ситуација. Знаеме колку страв внесува кај противничките играчи и навивачи“, изјави Валверде.

Барселона вчера ја прекина низата од седум победи во Примера, но и понатаму е прва на табелата со пет бодови предност во однос на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново бразилско чудо од дете на радарот на големите клубови. Откупната клаузула изнесува 80 милиони евра.

Рајан (19) без сомнение е едно од најголемите откритија на бразилскиот фудбал во 2025 годи…