Дефанзивецот Џо Гомез стави потпис на нов договор со Ливерпул каде што настапува во изминатите седум години.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гомез во Ливерпул дојде од Чарлтон во 2015 година и во тимот од „Енфилд“ оствари големи успеси, собра вкупно 142 настапи во дресот на „црвените“.




„Ова е посебен момент за мене и моето семејство. Нов момент за кој сонувате од дете. Ливерпул е фантастично место, веројатно едно од најдобрите на кое може да бидете, можеби и најдобриот клуб во светот. Не ми беше тешко да се одлучам да го продолжам договорот“, изјави Гомез.




Во изминатата сезона Гомез настапи на 21 натпревар.
We’re delighted to announce that @J_Gomez97 has signed a new long-term contract with the Reds 🙌
— Liverpool FC (@LFC) July 7, 2022