Дома Фудбал Италија Буфон: Крајна граница е 2023 година, но може да се простам и во наредните четири месеци

Буфон: Крајна граница е 2023 година, но може да се простам и во наредните четири месеци

Џанлуиџи Буфон веќе подлго од 25 години брани на највисоко ниво.

Буфон влезе во петтата деценија од животот, а во разговор за „Гардијан“ откри до кога има намера и да брани.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во мојата глава крајна граница е 2023 година. Без сомневање после тоа нема да брана,. Но, не ја исклучувам можноста да се простам во наредните четири месеци. Сигурно можам да кажам дека никогаш не сум размислувал дека толку долго ќе бранам“.

„Кога во Јувентус ми предложија да се вратам, си кажав себе си дека тоа е моја последна голема прилика“. Изјави Буфон.

Инаку, Буфон е роден 1978 година и доколку брани до 2023 година тогаш ќе има повеќе од 45 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…