Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ја одби понудата и ги стопира преговорите за нов договор со клубот, пренесуваат англиските медиуми.
27-годишниот Португалец одлично ја започна својата авантура на „Олд трафорд“ откако пристигна пред точно две години и беше најдобар играч кај „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во исто време Фернандеш е еден од фудбалерите со најниска плата и добива „само“ 100.000 фунти неделно. Тоа е на рамниште на Фил Џонс и е четири пати помалку од најплатените фудбалери, Погба и Де Геа.
Фернандеш има договор до 2025 година, но Јунајтед му понуди нов договор. Меѓутоа, Португалецот не е задоволен од понудата и ги стопирал преговорите.