Баерн Минхен наводно го завршил трансферот на фудбалерот на Лидс и член на бразилската репрезентација, Бразилецот Рафиња.
Според информациите на „ТНТ Спорт“ баварскиот гигант се договорил со англискиот тим за трансфер на 25-годишниот крилен напаѓач и тоа за 50 милиони евра. Трансферот наводно е веќе завршен и Рафиња би требало да го облече дресот на гигантот од Минхен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рафиња од 2020 година е член на Лидс, пристигна од Рен за нешто повеќе од 20 милиони евра и се покажа како добро засилување. Во дресот на Лидс одигра 47 натпревари и постигна 14 голови, а успеа да се избори и за место во репрезентацијата на Бразил.