Дома Фудбал Останато БРАЗИЛЕЦОТ Е ГЛАВЕН: Царски третман на Нејмар пред операцијата

БРАЗИЛЕЦОТ Е ГЛАВЕН: Царски третман на Нејмар пред операцијата

Бразилскиот фудбалер, Нејмар пристигна во Бело Хоризонте, каде што утре ќе ја направи операцијата на стопалото.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѕвездата на ПСЖ повредата ја доживеа во натпреварот од Купот на Франција против Марсеј и принуден беше да направи операција, а предвидена му е пауза од три месеци. Пристигнувањето на најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбалер беше придружена секако со царски третман. Целосното болничко крило е затворено поради него и неговите десет пријатели кои ќе бидат со него за време на и по операцијата.

Хирушката процедура на метатарзалната коска ќе ја изврши Џерард Саилант, докторот кој во 2000. година го оперираше коленото на легендарниот Роналдо, а работеше и со добар дел од останатите репрезентативци на Бразил. Нејмар најверојатно веднаш по операцијата ќе се врати назад во Париз, каде што го очекува процесот на закрепнување, но за него оваа сезона е најверојатно завршена. Прашањето е дали одличниот фудбалер ќе биде подготвен за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…