Дома Македонски спорт Бојан Миовски на мета на еден од најголемите клубови во Унгарија

Бојан Миовски на мета на еден од најголемите клубови во Унгарија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски игра одлична сезона во дресот на унграски МТК.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Миовски на стартот од сезоната пристигна во МТК од Ренова, се прилагоди и веднаш почна да тресе мрежи во Унгарија. За викендот беше стрелец и во ремито 2:2 против Хонвед. Со овој гол Миовски стигна до бројката од шест погодоци и е трет стрелец во унгарското првенство.

Ваквите настапи на Миовски не останаа незабележани и од еден од најголемите клубови во Унгарија, Ференцаврош. Унгарските медиуми пишуваат дека овој тим ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го доведе Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …