Дома Видео Бостон намали на 3:2 против Мајами и остана во игра за големото финале ?

Бостон намали на 3:2 против Мајами и остана во игра за големото финале ?

Кошаркарите на Бостон Селтикс синоќа го совладаа Мајами Хит со 121:108 и со тоа намалија на 3:2 во финалната серија во Источната конференција.

Мајами синоќа ја имаше првата меч топка да се пласира во големото финале, но Бостон не се предаде лесно и успеа да остане во игра. Селтикси одиграа добар натпревар и на крајот заслужено славеа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Кошаркарите на Хит подобро го отворија натпреварот и после првата четвртина водеа со 26:18. Бостон заигра нешто подобро во продолжение, а на пауза се замина со 58:51 за Мајами.

Меѓутоа во третата четвртина Бостон дојде до пресврт и го доведе натпреварот во своја корист. Селтикси играа фантастично што најдобро покажува фактот што третата четвртина ја добија со 41:25.

Во последната четвртина Мајами се обиде да се врати во натпреварот, но едноставно не успеа. На крајот Бостон славеше со 121:108 и намали на 3:2.

Бостон до победата ги предводеше Џејсон Татум со 31 поен, десет скокови и шест асистенции. Од друга страна, најефикасен кај Мајами беше Горан Драгиќ со 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Тренерот на Денвер го крена гласот поради Јокиќ и МВП-наградата (Видео)

Привремениот тренер на Денвер, Дејвид Аделман, по натпреварот со Мемфис се осврна и на МВП…