Дома Фудбал Борнмаут победи со пресврт каков што Премиер лигата немаше видено 21 година

Борнмаут победи со пресврт каков што Премиер лигата немаше видено 21 година

Борнмаут направи редок пресврт во англиската Премиер лига, надоместувајќи ја негативата од три гола на полувремето и го победи Лутон со 4:3 пред своите навивачи.

Гостите водеа со 3:0 по првото полувреме на „Виталити“ стадионот, а головите ги постигнаа Тахит Чонг (9), Огбене (31) и Рос Баркли (45+1).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, од 50. минута од натпреварот следуваше голем пресврт, петти од ваков тип во историјата на Премиер лигата, а прв од 2003 година.

Со своите голови го креираа Доминик Соланке (50), Забарњи (62) и двојниот стрелец Антоан Семењо (64, 83).

Борнмаут со деветтата лигашка победа стигна до 35 бода, но остана на 13. место, додека Лутон Таун го претрпе петтиот пораз во последните шест натпревари и со 21 бод е на 18. позиција и во зоната за испаѓање, со три бода помалку од Нотингем Форест.

Овој натпревар првично беше закажан за 16 декември, но беше прекинат по нешто повеќе од еден час бидејќи гостинскиот капитен Том Локиер падна на теренот, а подоцна беше потврдено дека доживеал срцев удар. Тогаш резултатот беше 1:1 и беше одлучено дуелот да се преигра во целост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…