Италијанските медиуми јавуваат дека Фабио Борини најверојатно ќе го напушти Сан Сиро во текот на зимата.
Борини дојде во Милано во летото 2017. година како засилување, но тој епитет никогаш не успеа да го оправда и денес претежно ги гледа натпреварите од клупата или трибините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Апенините пишуваат дека на Борини не смета ниту новиот тренер на Милан, Пиоли, но на 28-годишниот фудбалер нема да му биде проблем да пронајде нов клуб, бидејќи постојат клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.
Според Газета дело Спорт, Борини има опција да остане во Серија А и да потпише за Џенова, а можно е враќање во Англија каде Кристал Палас го сака во своите редови.
„Борини во моментот е многу поблизу до Кристал Палас. Неговата желба е да се врати на Островот“ – пренесува реномираниот весник.
Во Англија Борини веќе имаше можност да игра за Ливерпул, Челси, Сандерленд и Свонси.