По елиминацијата од Купот на Македонија, екипата на Борец од Велес се одлучи за смена на тренерот Љупчо Димитковски.
Велешкиот клуб објави дека двете страни спогодбено ја раскинале соработката.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
„ФК Борец се заблагодарува на Димитковски за досегашниот ангажман и му посакува среќа“, објави Борец на социјалните мрежи.
Истовремено тие потврдија и дека нов тренер на второлигашот ќе биде Даниел Стојановски. Станува збор за млад и преспективен тренер кој во кариерата ги водеше Слога Виница, Велешта, ГФК Куманово, Воска Охрид, а и како помошник тренер во Пелистер.
Покрај поразот од Детонит во купот на Борец не му оди најдобро и во ВМФЛ каде што по три кола тимот е без бодови.