Битката за опстанок во македонското првенство станува се поинтересна и ситуацијата за Вардар е се полоша после денешните резултати.
Имено, најтрофејниот македонски клуб беше поразен од Борец (2:0), а ривалите на дното запишаа победи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Борец поведе со голот на Мишов во 15-та минута, а конечните 2:0 ги постави Адили со гол во 81-та минута.
На три кола до крајот Борец сега има 36 бода, Академија Пандев и Силекс се на 35, Ренова има 32 бода, а Вардар 31 бод.
Вардар во следното коло го чека соседско дерби со Работнички, а Силекс игра против Борец, па овие резултати можат да бидат клучни во борбата за опстанок.