Дома Топ вести „Бомба“: Јувентус го руши светскиот рекорд за Салах

„Бомба“: Јувентус го руши светскиот рекорд за Салах

„Скај Њуз Арабија“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Јувентус сака на лето да го донесе Мохамед Салах во своите редови.

Медиумот тврди дека италијанскиот шампиони е подготвен да понуди 200 милиони евра за услугите на египетскиот репрезентативец кој блеска во дресот на Ливерпул.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Салах во 2017 година од Рома трасферираше во редовите на клубот од „Енфилд“, за кој досега на 86 натпревари постигна 64 гола.

Секако, оваа вест за многумина барем во овој момент е оценета како сензационална шпекулација од „Скај Њуз Арабија“, меѓутоа исто со неверување беше примена и веста за Кристиано Роналдо минатата година.

Планот на Јувентус е да го замени Дибала со Салах. Аргентинецот оваа сезона игра под своето ниво и „бјанконерите“ се спреми да го продадат за сума од 100 до 120 милиони евра и со тоа да го финансираат трансферот на Египќанецот.

„Тутоспорт“ денес наведува дека „старата дама“ е спремна дури да му го понуди Дубала на Ливерпул плус пари за да го добие потписот на Салах.

Веста за трансферот на Салах се поклопува со вестите кои пристигнуваат од торинскиот клуб. Имено, Италијанците одлучија да продадат дел од акциите н аклубот кои според нивните очекувања ќе донесат преку 100 милиони евра во касата со што би се овозможил голем трансфер престојното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…