Ако им веруваме на шпанските новинари Миралем Пјаниќ се договорил со Барселона.
Информациите од Шпанија говорат дека Пјаниќ се договорил со Барселона и сега се чека каталонскиот клуб да се договори со Јувентус. И понатаму се споменува можна размена со Артур Мело, но Бразлиецот неодамна изјави дека не сака да ја напушти Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Утрово разговарав со луѓе блиски на Артур и тие потврдија дека не сака да ја напушти Барселона. Веќе претходно кажа „не“ на Интер кога се преговараше за дали ќе биде дел од трансферот на Лаутаро Мартинез“, изјави Франсеск Агиљар, новинарот на „Мундо Депортиво“.
Потоа потврди дека желбата на Пјаниќ е да го облече дресот на Барселона.
„Тој има желба да се пресели во Барса. Јуве сака да го подобри и продолжи неговиот договор за една година, но засега нема ништо од тоа. Според моите информации, Пјаниќ и Барселона има договор“, истакна Агиљар.
Тој не ја исклучува можноста некој друг играч да биде вклучен во размената место Артур. Можност тоа да биде има некој од Артур Видал, Иван Ракитиќ, Нелсон Семедо…