Италијанскиот гигант Интер покажува сериозен интерес за Филипе Кутињо, пренесуваат медиумите на Апенините.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
27-годишниот Бразилец оваа сезона игра во Баерн Минхен како позајмен фудбалер, но Баварците нема да ја искористат опцијата за негов откуп за 120 милиони евра, па Кутињо ќе се врати во Барселона.
Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го врати Кутињо на „Џузепе Меаца“. Барселона за потписот на Бразилецот бара 90 милиони евра, па може да дојде до трампа со Лаутаро Мартинез.
Во тој случај тренерот Конте е спремен да ја промени формацијата во 3-4-2-1, така што Ериксен и Кутињо ќе играат позади Лукаку.