Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.
Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот.
Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Дибала може да заврши во редовите на големиот ривал Интер.
Директорот Бепе Марота одлично го познава Аргентинецот бидејќи тој го донесе во Јувентус и има одличен однос со неговиот агент.
Овој трансфер ќе биде тежок за реализација бидејќи Јувентус преферира да го продаде надвор од Италија.