Турските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Ливерпул сака да го донесе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Елмас оваа сезона не добива голема минутажа во тимот на Наполи, но тој веќе го покажа својот потенцијал и го привлече вниманието на многу клубови.




Најконкретен интерес за Елмас покажува Ливерпул, бидејќи Клоп сака значително да го засили средниот ред каде има малку алтернативи.




Најголема желба на Клоп е токму Елмас, со оглед дека е поливалентен фудбалер кој може да одговори на неколку позиции и во средниот ред и во нападот.




Наполи за македонскиот „дијамант“ бара 30 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Ливерпул.